Балканленд

Целиот украински тим од организацијата на Евровизија си поднесе оставка?!

Најголемиот фестивал на забавна музика во Европа доживеа голем шок откако 21 припадник на украинскиот организациски тим поднесе оставка. Тие во својата оставка изјавија:

“Целосно сме немоќни за донесување на понатамошни одлуки во однос на натпреварувањето”.

И покрај ова, Европската Радиодифузна Унија (ЕБУ) ги советуваше украинските јавни радиодифузери да ги почитуваат роковите и покрај неодамнешните случувања. Се уште не е познато дали новата одлука на организацискиот тим ќе го загрози овогодинешниот фестивал.

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: