Скопје повторно живее во духот на електронската музика и сцена. За првпат во Скопје, со свој диџеј сет ќе го чуеме Pacosuna- шпанскиот суперстар диџеј кој ќе настапи на 25-ти фебруари во Вип Арена “Борис Трајковски”. Забавата ќе биде по сите светски стандарди – со ласер шоу, најквалитетен саунд систем, лед екрани, танчерки, а како загревање пред Paco ќе настапи DJ Никифор.
Сите љубители на електро, техно, денс и хаус музиката карти за настанот може да набават во “Пола Југотон” или пак на kupikartizase.com по цена од 500 денари. Не заборавајте, забавата започнува во 22:30 часот.
Подготви: Александра Блажевска
