Премиера

24 Промо: Александра Јанева – “Солза за крај” (Видео)

Струмичанката Александра Јанева ја започнува 2017-та година со нова емотивна балада. Таа пред само некој ден преку социјалните мрежи на своите фанови им го подари синглот “Солза за крај” со одлично подготвен видео спот. Спотот е емотивна експресија на оваа поп-рок балада во реализија на “Крстевски мјузик продакшн”. Таа за новата песна и видео спот изјавува:

“Се радувам што долгонајавуваната “Солза за крај” е конечно достапна за пошироката јавност. Овој сингл е убав почеток на моите идни проекти на музички план, а посакувам годината да биде поплодна и поуспешна за целата македонска естрада. Се надевам дека песната ќе им се допадне на моите слушатели и ќе го привлече вниманието на целата македонска публика”, вели популарната струмичанка. За минатогодишната победничка на “Макфест”, новата “Солза за крај” претставува 11-от официјален сингл. Оваа песна се надоврзува на низата нејзини големи хитови: “Врати ми го сонцето”, “Еве ме пак” и “За сто години”.

Подготви: Маргарита Робевска

Можеби ќе ве интересира: