Вечерва во Буши ресторанот кој што се наоѓа на Скопското кале се одржа промоцијата на најновиот албум на Верица Пандиловска “Само за тебе”, на кои што се сместени 11 старо-нови композиции. На промоцијата нашата екипа имаше можност да види доста познати ликови од македонската музичка естрада како и од јавниот живот на Република Македонија, меѓукои ќе ги споменеме: Силви бенд, новинарката Валентина Ѓоргиевска – Парго, познатиот фолк пејач Ибуш Ибраимовски, водителката Ирена Спировска, екипи од познати тв станици и интернет портали и многу други.
На самата промоција, дружење со присутните, Пандиловска во официјалниот дел чиј водител беше Јована Стојменовиќ, се заблагодари за сите оние кои го помогнаа излегувањето на нејзиниот нов албум како и на познатиот режисер на тв спотови Дејан Миличевиќ на кој дури од благодарност му подари нешто сосема интересно, но сепак подарокот остана тајна за присутните.
Освен промоцијата на новиот албум, Пандиловска го провивираше и видео спотот за песната “Нема да остареш” кој што е реализиран во Буши ресорт и спа, чии режисер е Дејан Миличевиќ, а во истот се појавува и српскиот модел Марко Јакшиќ.
Во продолжение ви препорачуваме премиерно и за прв пат да го погледнете видео спотот за веќе споменатата песна погоре. Уживајте!
https://www.youtube.com/watch?v=BvRqZ7nqOFc
Подготви: Иван Јосимовски
