Една од најновите земји учеснички на популарниот европски фестивал, Австралија деновиве ја претстави песната со која што ќе се натпреварува на годинешното, 62-то по ред издание на Евровизија. Станува збор за темата насловена “Don’t come easy”, која ја изведува минатогодишниот победник на австралискиот “X Factor”, Ајзеја Фајрбрејс.
Младиот пејач е трет евровизиски претставник на Австралија, која во изминатите две години постигна голем успех на фестивалот. Имено, целата приказна започна во 2015-та година, кога по повод 60-от роденден на фестивалот, Австралија доби покана за еднократно учество, а тогашниот претставник, Гај Себастијан, го освои високото 5-то место. Поради големиот интерес на австралиската публика, Европската радиодифузна унија одлучи земјата да биде редовен учесник на фестивалот и веќе следната година, пејачката Дами Им ја освои вицешампионската титула. Токму затоа, многумина веќе се прашуваат дали годинава ќе биде трета среќа за Австралија? “Don’t come easy” е одлична и моќна балада, а дали има потенцијал за победа дознајте во продолжение. Уживајте!
Подготви: Андреја Андреевиќ
