Нашата позната македонска фолк пејачка Елена Велевска по потпишувањето на договорот со познатата продуценска куќа од соседна Бугарија “Payner production”, започнува своја музичка кариера снимајќи нови песни како и видео спотови, наменети за тамошниот музички пазар. Неодамна Велевска сними дуетска песна со еден од познатите и популарни бугарски пејачи Борис Дали, за која песна по извесно време снимија и видео спот.
Со гостувањето на тв емисијата “Звездно” на бугарската музичка телевизија ТВ Планета, Велевска освен промовирањето на најновиот видео спот, дует со пејачот Дали, таа имаше и кратко десетминутно интервју за нејзините музички планови, реализација и снимање на нови песни и видео спотови, како и за новата турнеја за Австралија која што Велевска ја најави во тв емисијата. Што поточно кажа и одговори на прашањата на водителката, слушнете и погледнете во продолжение.
Подготви: Марија Поповска
