Концертот на Драгана Мирковиќ кој во склоп на “Superstar weekend-от” требаше да се одржи на 19-ти мај во ВИП Арената во Скопје се откажува на барање на фолк ѕвездата поради
актуелната политичка ситуација во Македонија. Од друга страна концертот на Аца Лукас закажан за 20-ти мај во ВИП Арената со почеток во 20:30 ќе се одржи како што е веќе и објавено.
Драгана Мирковиќ смета дека поради актуелната политичка ситуација во Македонија сега не е време за нејзин концерт, но на своите фанови им ветува дека секако концерт во Скопје ќе има, најверојатно во септември, затоа што Скопје е еден од градовите од нејзината турнеја “Една од милион” која опфаќа 15 града. Сите оние што веќе имаат купено влезници за откажаниот концертет истите може да ги рефундираат на истите продажни места каде што се купени.
Аца Лукас пак мисли дека музиката може да предизвика само позитивни вибрации и ги повикува сите негови фанови и сите љубители на добрата забава да му се придружат на 20-ти мај во ВИП Арената на скопскиот дел од “Најголемите журки на Балканот”:
“Музиката не познава граници, јас сум тука да ги забавувам луѓето и политиката воопшто не ме интересира. За македонската публика сум посебно врзан и секогаш сум тука за нив. Моја задача е луѓето да заборават на секојдневните грижи и ветувам одлична одлична забава со сите мои стари и хитови и песните од новиот албум”, рече познатата фолк ѕвезда. Инаку влезниците за концертот на Лукас одлично се продаваат иако до концертот има уште повеќе од 40 дена.
Подготви: Марија Поповска
