Иако моментно е една од најбогатите пејачки на светот, Бритни Спирс за секој потрошен цент мора да му се обрати на татко и. Како што е познато, пред 10 години таа доживеа нервен напад и заврши во болница, па судот одлучи со нејзините пари да располага нејзиниот татко Џејми, затоа што беше проценето оти пејачката не е способна за тоа.
“Неверојатно е колку многу таа сега работи и колку убаво се однесува, а и натаму не може сама да одлучува за своите финансии и за приватниот живот”, коментира неименуван извор близок до поп иконата. И покрај се, Бритни нема проблем со тоа, а се чини и дека и одговара тоа што има една грижа помалку.
Подготви: Марија Поповска
