Иако сме музички портал кој што не се бави воопшто со политиката и досега нема заземено ниту една страна, сепак, оваа информација не е политичка или ваква или онаква, туку едноставно станува збор за нашата македонска евровизиска претставничка која за речиси еден месец ќе не претставува на големиот музички избор на најдобра песна наречен Евровизија. Имено, Јане Бурческа или како што многумина ја знаат по она како таа е пишана на социјалната мрежа Фејсбук – Јана Бурче, пред извесно време има објавено твитер каде на англиски пишува дека: Јана ја претставува ФИРОМ (или поранешна Република Македонија).
Пред се сметаме дека како наша македонска претставничка на големиот и најгледан музички избор треба таа самата да се бори и да побарува кога има потреба за тоа, да не условуваат со нашето уставно име, односно, со Република Македонија, а не таа самата да ја нарекува сопствената држава која што и всушност ја испраќа и ја претставува на Евровизија. Се надеваме и искрено веруваме дека сето ова е некоја грешка и дека не би требало повторно да се повтори, иако сметаме дека до истата воопшто не ни требало да дојде и веруваме дека Јана Бурческа наскоро ќе се извини на македонските граѓани за својата не намерна грешка (барем веруваме дека е така).
Во меѓувреме додека го пишувавме овој текст, стигна известување и извинување од страна на македонската претставничка на Евровизија – Јана Бурческа кое што во продолжение во целост ви го пренесуваме:
Почитувани,
Профилот на сликата подолу (https://twitter.com/JanaBurceska) е лажен и се оградувам од било каква содржина објавена на истиот. Исто така профилот постојано го менува својот опис и името на Република Македонија. Профилот е пријавен како лажен и наскоро се очекува бришење на истиот од Твитер.
За тоа од каде доаѓам и што мислам за својата земја зборуваат преку 100 интервјуа за македонски и странски медиуми во кои добро се слуша мојот став. Во сите, без исклучок, се претставувам како пејач за Македонија.
Јас имам Твитер профил (https://twitter.com/b00rche) кој воопшто не го користам и затоа тој не е наведен во моите официјални социјални мрежи. За потсетување повелете линкови до профилите со коишто управувам лично јас, а истите се поставени и на eurovision.tv:
https://www.facebook.com/jana.burce
https://www.facebook.com/janaboorche/
https://www.instagram.com/boorche/
Ви благодарам на сите за досегашната поддршка!
Имајте убав ден,
Јана
Подготви: Дениза Илиевска
