Македонската пејачка Кристина Арнаудова ја објави својата нова песна насловена “Љубена”. Текстот е на Арнаудова, композитор е Алена Попова, аранжманот е на Дарко Тасев, а новиот сингл бил снимен во студиото на Кристијан Габроски. Според најавите спотот ќе се снима во текот на следниот месец, а во меѓувреме Кристина снима уште една песна која ќе биде промовирана наесен. Песната е веќе пуштена во етерот на македонските радиостаници, а исто така промовирана и фотосесијата наменски направена за новиот сингл.
Подготви: Филип Етмишовски
