Култниот сараевски рок-бенд “Забрањено пушење”, се овогодинешните главни ѕвезди на фестивалот “Битола Отворен Град” во организација на Младинскиот културен центар – Битола. Познатиот бенд ќе настапи на битолски Широк сокак на 28-ми јуни.
Фестивалот “Битола Отворен Град” се организира веќе 16 години, а досега на фестивалот настапувале многу познати музичари и бендови како: “Електрични оргазам”, Рамбо Амадеус, “Хладно пиво”, “Партибрејкерс”, “Дубиоза колектив” и многу други.
Подготви: Филип Етмишовски
