Музика на кирилица

“Визија“ ќе настапи на “Егзит“

Скопскиот рок бенд од алтернативната сцена “Визија“ следната недела ќе настапи  на големиот музички фестивал “Егзит“ во Нови Сад, Србија.

“Визија“  доби шанса за настап преку регионалниот конкурс Play@EXIT  на кој се пријавија повеќе од 450 бендови, а одбрани се најдобрите 33 изведувачи кои ќе имаат можност да ја претстават својата музика од 5 до 9 јули на Петроварадинската тврдина.
Предвидено е “Визија“ да настапат на  “Fusion“ стејџот.

Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски на соло гитара и придружен вокал, Марко Гапо – вокал и ритам-гитара, Лилјана Јанкова – бас-гитара и придружен вокал како и Синиша Ѓорѓевиќ на тапани.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: