Во прв ред

10 години “Пиволенд” – шест дена луда забава

Оваа година, “Пиволенд”, прославува 10 години од своето постоење. Првиот гурмански викенд со пиво – “Пиволенд” се одржа во 2008-ма година и за вкупно четири дена го посетија близу 60.000 љубители на овој древен пијалак. Веќе во 2009-та година, имаше околу 150 000 посетители, а последните неколку години бројката се зголеми за неколку пати.

Денеска “Пиволенд” израсна во пивски бренд, единствен и препознатлив фестивал на пивото во Скопје. Традиционално и оваа година, локацијата на “Пиволенд” ќе биде скопското Кале, а фестивалот започнува на 07-ми август (понеделник) и ќе трае се до 12-ти август (сабота). Посетителите ги очекува многу добра музика, студено пиво и гурмански деликатеси. Бидејќи се работи за јубилеен роденден на “Пиволенд”, се подготвуваат голем број изненадувања.

“Пиволенд 2017” – Дојди, Види, Испиј!

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: