Балканленд

Словенија прв победник на Евровизија за хорови

Хорот “Кармен Манет“ од Словенија е победник на првото издание на Евровизија за хорови, која оваа година се одржа во Рига, Латвија. Секој хор настапува 6 минути без матрица. Песните можат да содржат едно или повеќе дела кои го прикажуваат културата и идентитетот на државата. Хоровите ги оценуваше жири во состав: Џон Рутер – композитор од Велика Британија и Елина Гаранча – латвиски мецосопран.

На првото издание на Евровизијата за хорови учествуваа 9 хорови од Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Германија, Латвија, Словенија, Унгарија и Велс.

“Кармен Манет“ е женски хор основан во 2011 година од најдобрите сегашни и актуелни пејачи од женскиот хор на гимназијата во Крањ. Диригент на хорот е Примож Керштањ.

https://www.youtube.com/watch?v=yAQJrtpK-0s

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: