Во прв ред

Лепа Брена со голем концерт на 29-ти јули во Охрид (Видео)

Во сабота 29-ти јули, на плажата “Градиште 2” во Охрид гостува една од најголемите фолк ѕвезди на просторите на поранешна Југославија – Лепа Брена. Билетите за спектакуларната журка се пуштени во претпродажба по цена од 600 денари, а на врата истите ќе бидат поскапи.

“Очекувајте многу добра забава, убави песни и одлична атмосфера. Она што јас лично можам да го ветам е дека сите после мојот концерт ќе заминат дома ведри и расположени”, вели Брена, која деновиве пред охридскиот концерт батериите ги полни на Јадранот, каде освен што ужива со семејството, богами и добро се забавува, а виртуелните пријатели ги “бомбардира” со фото-извештаи од своите водени луории. Но најде време да испрати куса видеопорака до своите македонски фанови, за уште еднаш да ги потсети на саботната дружба – Охрид, плажа “Градиште 2”.

“Драги мои се гледаме на 29-ти јули на големото Градиште, плажа во Охрид. Ве сака вашата Брена”, е пораката која најголемата фолк ѕвезда на просторите на екс Југославија им ја испрати на своите македонски фанови.

https://www.facebook.com/InfooMakedonija/videos/719942741525261/

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: