Премиера

Погледнете: Ален Хасановиќ со нов летен хит “Волим те” (Видео)

Популарниот македонски пејач и ексклузивец на продукцијата “Гранд”, Ален Хасановиќ вчеравечер им подготви вистинско изненадување на своите фанови со објавување на летен хит насловен “Волим те”. Новата песна е во брз и модерен ритам кој ќе ве освои уште при првото слушање. Зад песната како автори се потпишуваат Ален Хасановиќ (музика), Огнен Неделковски (текст) и Дејан Момироски (аранжман). Пратечките вокали ги пејат Ана Костадиновска и Сара Николовска.

Видео приказната за темата се снимаше неколку дена на атрактивни локации во македонскиот бисер – Охрид, а во главната улога се појавува нашата мега популарна манекенка и тв водителка, Симона Станковска. Покрај неа, во спотот се појавуваат и две црномурести девојки и момче кои одлично се надополнува на целата приказна. Спотот е во продукција на “Зати”, а го објавуваат “АХ Медија” и “Гранд”, кои ги имаат сите авторски права за него.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: