Светските познати DJ-и Hardwell и Afrojack, како и легендарната музичка атракција “Бијело Дугме”, се на програмата на второто издание на фестивалот “Ohrid Calling 2017” што од 1-ви до 4-ти август ќе се одржува на стадионот “Билјанини извори”. Ѓоко Апостолов раководител на секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, истакна дека резултатите остварени со реализација на идејата за нов фестивал во најголемиот македонски туристички ценар се мошне позитивни, особено во насока на промоција и позиционирање на Охрид на европската фестивалска мапа.
“Големиот интерес на публиката за минатогодишните концерти во рамките на “Ohrid Calling” со гости од регионот кои специјално дојдоа за таа намена, е во корелација со заложбите на локалната самоуправа за привлекување на што поголем број странски туристи во градот”, рече Апостолов.
Денис Илиоски од продукцијата Авалон која заеднички со охридската Локална самоуправа го реализира фестивалот, истакна дека продажбата на билетите за концертите за ова фестивалско издание оди можне добро, со забелешка дека интерес за посета на Охрид пројавиле голем број на туристи од цела Европа, така што се очекува за време на фестивалските денови Охрид да е преполн со туристи.
Подготви: Редакција Музика24
