Македонската поп дива Калиопи продолжува со настапи и концерти во целиот регион. После неодамнешниот настап во Тиват, Црна Гора, Калиопи на 9-ти септември ќе одржи концерт во тврдината “Кастел” во Бања Лука, БиХ. Ова е втор концерт на Калиопи во Бања Лука оваа година, таа претходно одржа концерт во склоп на големата турнеја низ регионот во која покрај Бања Лука настапи и во Зеница, Белград, Сараево, Мостар и Тузла. Деталите за концертот како што е најавено ќе бидат откриени наскоро.
Подготви: Филип Етмишовски
