Најголемиот чаирски романтичар и најшармантниот ерген на сите времиња, познатиот македонски поп пејач Владо Јаневски ова лето го помина работно, со многу настапи, летни концерти, турнеја низ речиси сите македонски градови, а вечерва 2-ри септември сабота, на задоволство на сите Вас и пред самото започнување на училишните и студентски обврски, во најголемиот и најубав летен клуб во државава, клубот под Марковите кули во градот херој Прилеп, клубот Калипсо вечерва ќе биде домаќин току на него.
Сите Вие кои сакате одлична и незаборавна летна забава, кои со нетрпение чекате да ги слушнете неговите најголеми и најпознати хитови, токму вечерва имате привилегија и можност сето тоа да го остварите и во живо со неповторливиот и оргинален Владо Јаневски да уживате во можеби еден од последните летни викенди, пред враќање во реалноста и секојдневните обврски.
Подготви: Маринела Каранфилоска
