Овогодинешното издание на “ВиноСкоп” започнува вечерва и ќе трае се до 24-ти септември кога и официјално ќе биде затворена оваа традиционална скопска манифестација. Годинава по 11-пат љубителите на доброто и квалитетно македонско вино, како и сите оние посетители кои сакаат добра забава и вински коктели ќе имаат привилегија и можност со одлична музичка програма да се дружат и истовремено да се зававуваат наредните неколку дена.
За момент се запрашавме, дали знаете кои се основите пет причини поради кој треба и морално е да го посетите овогодинешнот издание на “ВиноСкоп”. Не знаете? Тогаш прочитајте ги петте причини во продолжение, и веруваме дека и вие ќе се согласите со нас и дека уште вечерва ќе бидете дел од големото отворање, а веќе следните денови ќе бидете еден од редовните посетители на овој голем настан кој се случува на плоштадот “Мајка Тереза”, односно пред Македонската Опера и Балет.
Пет причини зошто да го посетите “ВиноСкоп”
- “ВиноСкоп” е најстариот и најголем вински фестивал во Скопје. Се одржува од 2007-та година, традиционално собирајќи над 100.000 илјади луѓе за 5 фестивалски денови. Секогаш локацијата е интимна и дава чувство на пријатна атмосфера и боемско уживање.
- Поради можноста да се дегустираат голем број квалитетни вина. Секоја година на фестивалот може да се пробаат многу видови вино од најдобрите македонски винарии. Позитивно е тоа што цените на виното се промотивни и ве чинат речиси исто како да сте ги купиле во маркет, а овде добивате одлична забава на отворено. Убавината на “Вино Скоп” е во тоа што не мора целата вечер да ја поминеш пиејќи го омиленото вино кое го купуваш секој викенд, туку може да се ужива во богатата палета на вкусови.
- Музичка програма за сечиј вкус. “ВиноСкоп” е фестивал кој го посетуваат многу луѓе, секако со многу различни вкусови за музика. А колку повеќе луѓе, толку е поголема потребата да има што поразновидна музика, за секој да може да си пронајде настап во кој ќе ужива. На “ВиноСкоп” годинава ќе се пее традиционална светска музика, македонска етно музика, блуз, џез, поп, рок, светски хитови, фолк…
- Вински Коктели. Единствено место во Скопје каде што може да пробате интересни вински коктели е “ВиноСкоп”. Најдобрата сангриа во чаша од половина литар или пак иновативното вино мохито кое може да се проба само на штандот со коктели на фестивалот. Винските коктели најчесто се најинтересни за странските туристи, но секако се одлична препорака за сите кои што сакаат да експериментираат со вкусови.
- Да се видите со сите кои ви се драги, а не сте ги виделе одамна. Да, “ВиноСкоп” е местото каде што од среда до недела секојдневно ќе налетувате на луѓе од основно, средно, од маало, од одмор и работа. Ќе се видите со еден куп пријатели, познаници и роднини, а можеби и ќе запознаете ново друштво седејќи опуштено на некоја од масичките. Можноста да се заљубите е исто така голема – Љубов на прва голтка вино.
Годинава првата фестивалска вечер на “ВиноСкоп” ќе започне со: “Калевала”, за потоа да продолжи со “Караванија”, за на крај вечерта да заврши со Викторија Лоба. Во текот на следните неколку фестивалски дена, на овој познат скопски тредиционален вински фестивал на сцената ќе не забавуваат: “Eye Cue”, Нокаут, Нина Јанева, Фиџ – од “Студени нозе”, Чалгии, Миле Кузмановски, Куку Леле, Тамбура Салса Бенд, Баклава, Министарке… и многу други познати македонски групи и бендови. Специјализираниот македонски музицчки портал Музика24 и оваа година е еден од медиумските покровители на оваа голема културно-забавна манифестација.
Подготви: Иван Јосимовски
