Во прв ред

Слаткаристика, Криско, Гери Никол, Тони Зен… со голем концерт во Скопје (Видео)

По големите и успешни концерти низ Македонија и Бугарија, “One Love” турнејата продолжува со голем концерт закажан за 30-ти септември во ВИП арената “Борис Трајковски” (мала сала). Најдобрите македонски и бугарски хип-хоп и R’n’B артисти ќе бидат на една сцена во Скопје, а публиката ќе може да ужива во неколкучасовниот концерт на Слаткаристика, Криско, Гери Никол, Апсурт, Тони Зен и DJ Гоце САФ.

Инаку, турнејата “One Love” започна неодамна со концерт во Банско, а веднаш потоа се редеа концертите во Охрид и Струмица, а потоа и во Сончев Брег, Варна и Пловдив. За големиот концерт во Скопје, закажан за 30-ти септември, билетите се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа MKTickets по цена од 400 денари и истите се во ограничен број.

Македонската публика ќе има ретка можност и привилегија на едно место да ги слушне и да ужива во музиката на најдобрите хип-хоп македонски и бугарски артисти. Ова е еден од последните концерти во склоб на турнејата “One Love”, последниот концерт е закажан за 7-ми октомври во Софија. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е еден од медиумите кои го подржуваат овој настан.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: