Музика на кирилица

На 5-ти октомври ќе биде промовирана нова песна на Тоше Проески

Големиот број на обожаватели на Тоше Проески ја добија честа да ја промовираат новата необјавена песна на Тоше на настан кој ќе се одржи на 5-ти октомври на Плоштадот “Македонија”. Песната носи наслов “Light the Flame” и претставува најава за новиот албум кој Тоше го снимил во Лондон.

“Недостасуваат зборови за да се опише среќата и задоволството кое го чувствуваме што ја добивме привилегијата и честа за прв пат ние фановите да промовираме нова песна од Тоше. Песната се вика “Light the Flame” и ќе означува најава за новиот албум снимен во Лондон. Многумина се чудат и прашуваат: “Како нова песна, нов албум, кога него го нема веќе 10 години”? Ете баш тоа е нештото што го прави посебен, ова е уште еден доказ за неговата песветеност кон музиката “Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”, се вели на Фејсбук страницата: Промоција на нова песна – Тоше Проески.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: