Една од најактивните и побарувани групи во Македонија продолжува да не изненадува со нови музички задоволства, а последно во низата е темата насловена “Колку добро те знам”, која неодамна беше претставена пред македонската публика со професионално подготвен видео спот. Станува збор за уште едно авторско дело на Бојан Трајковски, кој ги потпишува музиката и текстот, а аранжманот го направи заедно со Дарко Димитров. Песната е снимена во студијата “Мјузик хаус” и “Димитрови”, а визуализацијата е дело на екипата на “Горила филмс”, под режисерската палка на Јован Куциновски.
“Колку добро те знам” воедно е трет сингл од претстојниот трет по ред студиски албум на групата, кој ќе го носи насловот “Сепак ми е забавно”, а покрај насловната нумера, се уште е актуелен и хитот “Мојот крал” и неговата акустична верзија. Како звучи и изгледа нивното најновото видео можете да погледнете во продолжение.
Подготви: Андреја Андреевиќ
