Претпоставуваме дека многумина од вас додека слушале музика на глобалниот музички канал You Tube, на овој или оној начин, ви се имаат појавено ковери од неколку интересни момци кои веќе на големо пополека, но сигурно го освојуваат целиот Балкан. Токму тие, “Лапсус бенд” неодамна ја промовираа и претставија пред својата публика и фанови новата песна заедно “Санта леда” со одлично подготвен видео спот кој што ние денес од музичкиот портал Музика24 ви го претставуваме.
Интересно е тоа што за многу кратко време после промовирањето на видеото, истото денес е прегледано со околу два ипол милиони прегледи и истите растат секојдневно од час во час, што ни вели дека оваа група, овој интересн бенд кој ни доаѓа од Сараево не стои, туку секојдневно има настапи и работи на своите нови проекти.
Се надеваме и веруваме дека наскоро ќе ги видиме и во Македонија со голем настап и концерт, а специјално и ексклузивно подготвуваме едно мало изненадување за сите вас кои сте големи фанови и обожаватели на оваа група и бенд која што зад себе има голем број на хитови. Во продолжение, ви предлагаме да го погледнете нивниот најнов видео спот за песната “Санта леда”. Уживајте!
Подготви: Иван Јосимовски
