Македонската музичка надеж Антониа Гиговска промовираше нова песна. Гиговска и стана позната на јавноста после учествата во “Ѕвездичките на Пинк”, но и како победничката на шоуто “Тајно моја”. По баладата “Невреме”, Антониа се претставува со “Светлина во мрак”, автори на музиката, текстот и аранжамнот се Лазар и Магдалена Цветковски.
За неколку дена Гиговска ќе настапи и на “Макфест 2017”, каде ќе се претстави со песна дело на Кире Костов и Миодраг Врчаковски. И посакуваме многу успех, а во меѓувреме преслушајте ја нејзината нова песна “Светлина во мрак”.
Подготви: Филип Етмишовски
