Музика на кирилица

“Суперхикс” ја промовираа својата прва плоча (Фото)

Македонската рок-поп група “Суперхикс” неодамна во центарот на Скопје го промовираше својот најнов албум “Underground Evergreens” на винил плоча. Истиот пред речиси половина година беше објавен и промовиран на ЦД, но ова е нешто сосема ново што оваа македонска група го прави пред се за своите фанови, како и промоција на самите себе во сосема друго издание.

“Суперхикс” досега имаат објавено пет студиски албуми, еден албум со најголемите хитови на групата како и еден сосема снимен во живо, а ова е нивната прва плоча и се надеваме и не последна. За време на промоцијата на нивната прва плоча своја изјава даде и нивниот фронтмен, вокалот на групата Петар Младеновски.

“По 23 години и пет албуми, конечно “Суперхикс” ја доби својата прва плоча. Им благодариме на сите што беа вклучени во реализацијата на албумот, кој сега ќе можете да го слушате и на грамофон”, изјави Петар пред присутните. На самата промоција тие отсвиреа и неколку песни од новиот албум.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: