Познатата македонска музичка група “Меморија” се овогодинешни добитници на наградата за трајни вредност на јубилејното 10-то издание на “МАРС”. Воедно “Меморија” ќе бидат и единствените специјални гости на овогодинешното издание на “МАРС”, наместо како претходните години кога беше пракса специјални гости да бидат познати балкански музички ѕвезди.
Јубилејниот 10-ти македонски радиски фестивал “МАРС” ќе се одржи во вторник во Македонската опера и балет со почеток во 20.30 часот, а директно ќе го пренесува МРТ.
Подготви: Филип Етмишовски
