Дали се сеќавате на Alavux, она младо момче кое што секоја недела ве забавува во “Нано бар”? Па токму така со голема силна позитивна енергија, и овој петок 22-ри декември ќе го доживеете токму она исто и препознатливо чувство, кога Alavux го “напаѓа” познатото скопско култно ноќно место “Нано бар”. И оваа недела, овој петок ќе имате привилегија и ретка можност да уживате во музиката која што токму тој ќе ви ја сервира, сите оние ремикси кој што само таа вечер може да се чујат и никаде и никогаш на друго место.
Реприза верувајте ќе нема, а доколку се случи тоа повторно ќе биде истото место, истото време, само датумот ќе биде променет.
Незаборавајте, одлична, луда и незаборавна забава до раните утрински часови само во “Нано бар” со почеток од 21.30.
Подготви: Иван Јосимовски
