Македонската поп-дива Калиопи вчера го прослави својот роденден со настап во српскиот град Пирот. Имено Калиопи беше дел од прославата на денот на градот Пирот – 28 декември. По тој повод во Народниот театар во Пирот се одржа свечена академија под слоганот “Пирот град кој трае“.
https://www.youtube.com/watch?v=uekMtTJgAhU
Калиопи вчера наполни 51 година. На средбата со медиумите од тој град Калиопи најави концерт во Пирот во 2018 година но и два нови синглови кој ќе бидат снимани во јануари 2018 година заедно со нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.
Подготви: Филип Етмишовски
Фото: pirotskevesti.rs
