Како и секогаш досега, така и овој пат, Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ќе ви промовира и презентира македонска музика. Имено, како што дознаваме, познатите “Трио Џентлмен” вечерва во Македонскиот Народен Театар со почеток од 19 часот ќе промовираат нова песна, како и нов видео спот за истата. “Немој да ме чекаш” насловот на новиот музички проект преточен во интересно видео кое што го изработи познатата продукција “Дел Рио Филмс” во режија на Александар Николовски, директор на фотографија Амел Амед и како главен продуцент Оливер Ромевски. За песната да звуќи онака светски се погрижија Глигор Копров кој што ја направи музиката, Огнен Неделковски кој го напиша текстот и Владимир Дојчиновски кој се погрижи за аранжманот.
Инаку, “Трио Џентлмен” е составено од тројца познати оперски пејачи и тоа: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор, кои настапувале во земјава како и во многу други европски и светски метрополи. Музика24 ќе биде дел од оваа промоција, а веќе во следните денови очекувајте интересни изјави и интервјуа од присутните и “Трио Џентлмен”.
Подготви: Влад Петров
