Музика на кирилица

Калиопи за 8-март ќе одржи концерт во Чачак, Србија

Македонската поп-дива Калиопи продолжува со настапите и концертите низ целиот регион, на празникот на жената 8-март Калиопи ќе одржи концерт во Чачак, Србија.

Концертот ќе се одржи во Домот на култура во Чачак со почеток од 20 часот.

Публиката во Чачак желно ја исчекува својата прва средба со Калиопи на која ќе имаат прилика да уживаат во концерт со посебна енергија и нејзината моќна интерпретација. Како и во многубројните хитови на Калиопи “Роџени“, “Црно и бело“, “Кофер љубави“, “Вучица“ и многу други.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: