И повторно Авалон продукција, нашите долгогодишни соработници, ве изненадуваат со уште едно големо музичко светско познато име на “Skopje Calling 2018”. Тие со огромно задоволство после многу години обидување и преговори, конечно една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња “Texas” за прв пат доаѓа на Балканот. Тие ќе бидат хедлајнери во сабота на 23-ти јуни, на вториот фестивалски викенд на “Skopje Calling 2018”.
“Texas” до 2018-та година имаат продадено албуми во 40 милионски тираж, потоа неверојатни 13 синглови кои се најдоа во престижната UK топ 10 листа, 3 албуми кои се најдоа на врвот на UK листата и 8 албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум “Jump on board” кој е издаден во мај минатата 2017 -та година. Се разбира дека пејачката Sharleen Spiteri ги носи во Скопје сите свои хитови: “Say what you want”, “Inner smile”, “I don’t want a lover”, “Summer sun”, In demand”… и уште многу други хитови и очекуваме навистина едно извонредно шоу за сите генерации. Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 06-ти март, во 21 часот.
Подготви: Редакција Музика24
