Премиера

24 Промо: Антониа Гиговска – “Слаба страна” (Видео)

Конечно во македонскиот етер излезе долгоочекуваниот видео спот на најновото музичко остварување на Антониа Гиговска “Слаба страна”. Песна на која како автори се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковска. Песната веќе неколку недели е објавена по речиси сите радиостаници во Македонија, а коментарите се и повеќе од позитивни. Особено поради ова е среќна Антониа, која верува дека во нејзините раце има уште еден хит за својата армија од фанови.

“Нема да бидам скромна и ќе кажам дека ова е една од подобрите песни кои публиката ќе има прилика да ги слуша. Лазар и Магдалена направија совршенство од песна, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, убедена сум дека ова е тоа – вистинското”, вели младата пејачка Гиговска. Како режисер на спотот се потпишува Бане Поповиќ и неговата “Томато” продукција, а особено придонес имаат момците и девојките од “Beatrix Crew”, вештите раце на Даниел Николовски и “Fashion Group”.

По прекрасните балади изминатата година, со задоволство ви предлагаме да ја слушнете новата песна и воедно да го погледнете новиот видео спот на Антониа Гиговска. Уживајте!

Antonia Gigovska - Slaba strana

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: