Младинскиот културен центар – Битола најави дека 17-то издание на Интернационалниот младински фестивал “Битола отворен град“ ќе се одржи од 25 до 30 јуни на неколку отворени сцени низ Битола.
Исто така до 25 април е отворен повик за сите заинтересирани уметници да се пријават за учеството на престојното фестивалско издание.
Во музичкиот дел на фестивалот изминатите години настапија многу познати изведувачи од регионот како: “Електрични оргазам”, Рамбо Амадеус, “Хладно пиво”, “Партибрејкерс”, “Дубиоза колектив” , “Забрањено пушење“ и многу други.
Специјализираниот македонски музички портал и оваа година ќе го проследи фестивалот. За повеќе детали но и ексклузивни интервјуа следете го нашиот музички портал Музика24.
Подготви: Филип Етмишовски
