Во прв ред

И оваа година во Градскиот парк во Скопје – Bob Marley Day

Како што дознава Музика24, и оваа година по 16-ти пат ќе се оддржи култниот настан Bob Marley Day кој што традиционално и оваа година ќе се случува во Градскиот парк во Скопје. Настанот започнува на 11-ти мај петок со почеток во 12 часот напладне, а истиот ќе заврши на 12-ти мај во околу 1 часот по полноќ.

Инаку, од 2003-та кога беше за првпат одржан, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот. Доближувајќи ја реге музиката и пораката на Боб Марли: “One love, one heart, a world without borders” до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш.

“Сите ние како поединци треба да придонесеме за овој настан, да продолжи да се развива и да прерасне во уште поголем на сечие задоволство”, велат организаторите на овој настан, кои истовремено ги повикуваат сите млади и талентирани бендови кои што свират реге слободно да се пријават за учество на телефонскиот број: 075/ 72-86-82 Charley или пак истите нека стапат во контакт на официјалната фејсбук фан страница посветена на Боб Марли и овој настан.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: