Во прв ред

Легендарните британски рокери “Jethro Tull” доаѓаат во Скопје

Легендарниот британски рок бенд “Jethro Tull” во октомври ќе настапи во Скопје, во рамките на својата светска турнеја, со којашто одбележува половина век од постоењето. Иако групата на својата официјална интернет-страница сеуште ги нема објавено датумите за октомври, од Авалон продукција потврдија дека “Jethro Tull” ќе одржи концерт во Скопје, на 16-ти октомври во СРЦ “Кале”.

Предводени од пејачот, гитарист и флејтист Јан Андерсон, единствениот константен член на групата од нејзиното основање во 1967 година, “Jethro Tull” во 2014 година објавија дека престануваат со работа, за три години подоцна да објават дека одат на нова светска турнеја. Ова треба да биде следено од нов албум, прв од 2003 година, што е планирано да излезе наредната година. Основани како блуз рок група, “Jethro Tull” низ годините во својата музика вклучија и елементи на хард рок, фолк рок и прогресивен рок, создавајќи импресивна дискографија од 21 студиски албум.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: