Како што не информираат од македонскиот бенд “Soundedge”, тие неодамна го имаат издадено новиот сингл насловен “Будење”, кој подолу ќе имате привилегија и да го преслушате. Ове е првата песна после успешната приказна на деби албумот “SoundEdge Volume 1”. Тие продолжуваат и понатаму со многу новини. Нов вокал, нова продукција, нов звук и истата посветеност за создавање музика, енергија и чувства.
Автор на музиката е Симеон Спировски, автори на текстот се Александар Лазаревски и Зорица Јаковлеска Спировска, вокалот е на Валери Димовска. Новиот сингл “Будење” е снимен и миксан во “SE студио”, а мaстерирана во “Dexy Records” – Шведска. Во моментот “Soundedge” работат на следната песна со наслов “Знај” и наскоро ќе биде објавено аудио и видео издание, по што истите ќе бидат промовирани на нашиот музички портал.
Подготви: Влад Петров
