Малкумина знаат дека свој печат во осмиот албум на една од најпознатите екс ЈУ групи Бијело Дугме има и виртуозот на гајда од прилепско, Пеце Атанасовски. Албумот кој излегол во 1984-та година и е познат како “Косовска девојка” е во издание на дискографската куќа “Дискотон” и е сниман во студијата на РТВ Скопје, РТВ Загреб и РТВ Сараево. На него се наоѓаат 10 песни, а една од нив е и легендарната “Липе цвату”, за која гајдата е дело токму на Атанасовски.
Подготви: Александра Блажевска
