Во прв ред

И Северина со голем концерт во Охрид

Хрватската ѕвезда Северина и српската кантавторка Марија Шерифовиќ се уште две музички имиња од регионот што летово ќе одржат свои концерти во Охрид. Тие им се придружуваат на веќе најавените колеги Масимо Савиќ и Цеца, чии концерти се закажани за 14-ти јули во Античкиот театар и за 28-ми јули на стадионот “Билјанини извори”. На “Билјанини извори” ќе настапат и Северина и Марија Шерифовиќ. Првата ќе запее на 27-ми јули, а втората ден по Илинден, односно, на 3-ти август.

Веста за концертот на Севе ја сподели ноќниот клуб “Awake”, додека единствената српска победничка на Евровизија во Охрид ја носи Бојан Јовановски со неговата “БМЈ медија груп”. Повеќе детали за влезниците се очекуваат наскоро.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: