На 21-ви јуни (Светскиот ден на музиката), но и првиот ден на летото, пред 39 лета се одржа првиот фестивал “Скопско лето” што благодарение на Дирекцијата за култура и уметност како организатори на истиот, стана симбол на културниот живот на нашето Скопје. Со години како добри домаќини на голем број реномирани врвни домашни и странски уметници, овој веќе традиционален фестивал остави трага во сеќавањата на љубителите на уметноста. Многу години наназад “Скопско лето” со внимателно избрана програма ги задоволува различните вкусови на многубројната публика од сите генерации и во текот на најтоплите 40-на дена во годината успева во градот Скопје да задржи граѓани коишто со нетрпение ги очекуваат уметничките настани.
И оваа година, градот Скопје и Дирекцијата за култура и уметност го организираат овој голем градски и препознатлив фестивал. Оваа година официјалното отворање на “Скопско лето 2018” на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката ќе се случи со голем концерт на Дадо Дганит од Израел. Овој концерт е во соработка со Амбасадата на Република Израел во Република Македонија, а истиот ќе се одржи во Македоската опера и балет со почеток во 20.30.
Освен многубројните театарски претстави и концерти со удирачки инстрименти и слично, интересно е за нас тоа што на овогодинешното издание на “Скопско лето” свој концерт во Македонската опера и балет ќе одржи и познатата српска етно-поп пејачка Јелена Томашевиќ, која својот прв голем солистички концерт пред македонската публика ќе го одржи на 23-ти јуни во сабота со почеток од 21 часот.
Музичкиот портал Музика24 освен за овој концерт дел од “Скопско лето”, редовно ќе ве информира за сите настани поврзано со овој надалеку познат фестивал. Во продолжение, погледнете како српската пејачка заедно со Оркестарот на Македонската опера и балет се подготвуваат за саботниот концерт.
https://www.facebook.com/jovanka.grozdanoska/videos/10217175671053496/
Подготви: Иван Јосимовски
