После објавувањето на втората бременост уште еден новитет кај Тамара Тодевска. Имено Тамара деновиве на грчкиот остров Амулијани го снима спотот за својот нов сингл насловен “Довидување таго“.
https://www.instagram.com/p/BkWBdbrFSjO/?hl=en&taken-by=tamaratodevska
Како што кажа Тамара во неодамнешното гостување во емисијата “Вечер со Тијана“, автор на песната е Роберт Билбилов а истата му е посветена на нејзината ќерка Хана.
„Скоро бев кај Роберт Билбилов, ми пушти песна што две години ја чувал и знаел дека кога тогаш ќе си дојдам како попче во студио и дека ќе ја испејам“. – рече помеѓу останатото Тамара.
Подготви: Филип Етмишовски
