Битолските фолкери на овој далечен континент ќе останат околу 50 дена каде ќе ги забавуваат нашинците, почнувајќи од 9 месецов во Перт па се до последниот настап закажан за 6 април во Сиднеј. Мелбурн, Волонгонг, Квебек, Њукасл и за прв пат во Бризбејн се градовите што музичарите ќе ги посетат. Покрај музиката и настапите, ќе го промовираат и филмот “Патот до Кенгурите” и ќе раскажат како водени од музиката и амбицијата од прилепското село Клепач стигнале во Австралија.
Молика од почетокот на годинава се селат од континент на континент, за Нова година беа во Америка, направија еден месец пауза во родната Битола и фатија пат за Австралија каде беа и минатата година, додека, пак, месец мај им е резервиран за настапи во Германија. Овој пат имаат да презентираат и нови песни и тоа “Села пелистерски”, “Женско срце”, “Бељата со жената”, но на репертоарот секако дека ќе бидат и големите хитови “Лично Наде”, “Ајше”, “Слушни ме мајко стара”… Им посакуваме успешна турнеја!
Претходна објава
Следна објава
