Легендарниот Дадо Топиќ го откажал својот настап со Битолскиот камерен оркестар закажан за 4 јули, потврдија за Музика 24 од Битолскиот камерен оркестар. Концертот “Рок симфонија“ на кој требаше да настапи прославениот музичар беше најавен од страна на Општина Битола како дел од овогодинешното издание на “Бит Фест“.
На местото на Дадо Топиќ на концертот ќе настапи Ненад Милосавлјевиќ – Неша Галија, кој многу често настапува во Битола а последниот настап го имаше на 2 јуни.
Концертот на кој требаше да настапи Дадо Топиќ ја смена и локацијата, па наместо во Пациото на Завод и Музеј – Битола ќе се одржи на Ракометното игралиште.
Подготви: Филип Етмишовски
