Влатко Лозаноски неодамна на своите профили кои тој ги има на социјалните мрежи, на големо ја најавуваше својата нова песна која го носи насловот “Јако, јако”. Како и се она што досега го има промовирано, така и оваа песна која што тој ја промовираше пред само некој ден, може слободно да се каже дека е вистински летен хит, песна по која што ќе се памети летото 2018-та.
И овој пат зад оваа преубава летна композиција стојат Лазар Цветковски кој што комплетно ја подготви и реализира оваа песна, а за текстот погодувате, тој е дело на Магдалена Ена Цветковска, која што воедно ги пее пратечките вокали. Како што велиме ние македонците, тимот што победува не се менува, зар не?
Инаку, видеото кое што е во ранг на сите оние балкански, па зошто да не и светски видеа, снимено е во егзотичниот “Фантази Аква Парк” бо Кушадаси, Турција, а како режисер на истото се потпишува успешниот охриганец Даниел Јовески. Освен Лозаноски, во видеото се појавува и една преубава девојка Мартинија Георгиевска која што е македонка и моментално е модел и тв презентер во локалната кумановска телевизија ТВ Плус.
Во продолжение, со задоволство ви предлагаме да го погледнете новото видео за новата песна на Лозано “Јако, јако”.
Подготви: Андреја Андреевиќ
