Во прв ред

Северина е главната ѕвезда на “Пастрамајлијада“ во Штип

Традиционалната “Пастрамајлијада“ во Штип оваа година ќе се одржи од 21-ви до 23-ти септември. На манифестацијата ќе настапат Влатко Стефановски, групата “Ван Гог”, Северина, “Амадеус бенд” и други.

На 21-ви септември во петок од 21 часот  ќе биде пресечена џиновската пастрамајлија, музичкиот програмски дел го отвора Кристина Арнаудова-Петровски. По неа настапуваат Влатко Стефановски и Дани Димитровска, а на крајот, околу 23 часот, и белградската група Ван Гог. На втората вечер, во сабота, ќе настапи хрватската ѕвезда Северина. На 23-ти во недела вечерта ја отвора “Либеро бенд”, а по нив следуваат настапи на Мирза Селимовиќ и “Амадус бенд”. И оваа година манифестацијата ќе се одржи кај кружниот тек кај Градскиот стадион.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: