ДНК ќе настапат заедно со нивниот 9-член бенд (гитара, сајзер, сакс, тапани, бас и придружни вокали), а за загревањето на атмосферата ќе се погрижи Dj Fitty Flow. На настапот ќе има и специјални гости, чии имиња ќе ги дознаете на лице место. Главен акцент на настапот ќе биде ставен на албумот “The Best Of”, кој беше промовиран кон крајот на мај, а ќе бидат изведени и некои од нивните најпопуларни хитови од претходните материјали, меѓу кои: “Што сака нека биде”, “Срце”, “Уште еден ден”, “Ѕвер”, “Фрази љубовни”, “Пола човек”, “Невозможна Мисија”, “Најмила”, “Таа тоа го крие”, “Навлечен на тебе”, “Авион”, “Полна месечина”, “Она е од Шутка”, “Од утро до мрак”… и други.
https://www.facebook.com/dnkmk/photos/a.10151533720077391.1073741825.113741187390/10155384456007391/?type=3&theater
За оваа дружба да биде уште повозбудлива за нивните обожаватели, Андреј и Панчо одлучија да направат интересен предизвик. Имено, задачата е да снимите видео од вашата омилена песна на ДНК, да го објавите со ознаката #DNKCHALLENGE, да го означите @djshortypofficial и да се најдете на профилот на Панчо, а најдобриот или најдобрата ќе има можност да настапи заедно со нив на овој концерт. Исто така, првите 200 посетители на концертот ќе добијат подарок – последниот албум “The Best Of”, а повеќе информации за настанот на нивната фан страница на Фејсбук.
Подготви: Редакција Музика24
