Пред само неколку дена познатата македонска фолк пејачка Елена Велевска на својот Фејсбук профил напиша статус дека дефинитивно се разведува од сопругот кој воедно вршел семејно насилство врз неа и трите деца кои заедно ги имаат. Таа за порталот “Естрада Плус” го даде и првото интервју каде ги потврди информациите дека се разведува и дека е време да заврши еден лош период во нејзиниот живот, животот продолжува понатаму. Наспроти неа, нејзиниот сопруг пак деновиве за порталот “Вистина” изјави дека се е лага и дека бил известен од адвокатот за барањето за развод, но се уште се под ист кров со се уште венчаната сопруга.
За тоа што вели Велевска и како се чувствува во овој период после се, погледнете во видеото во продолжение.
Подготви: Марија Поповска
