Неодамна еден од најпознатите македонски рокери Сашко Андриески – Сале заедно со својот бенд С.Р.В. промовираа нова рок песна насловена “Мост”, која како што велат самите тие, не само што е неговото најзрело остварување до сега, туку има и најдобра визуелизација од сите досегашни песни и видеата. Разголени згодни убавици, русокоси секси девојки, мотори, свирка крај огнот, чист македонски рокенрол… тоа е она што Сале и неговиот бенд ви го нудат во новиот видео спот.
“Мост” во себе содржи пред се бескромпомисна рок свирка, цврст базичен рокенрол со хард рок елементи и текст чии стихови кореспондираат со модерното време на лажни вредности во кое живееме”, вели Сале за Музика24. Музиката, текстот и аранжманот за оваа нова песна се на Марко Павиќ, од групата “Анализа на умот” од Франкфурт. Препевот на стиховите го направија самиот Сале и стариот, проверен македонски текстмејкер Огнен Неделковски.
Песната е снимена во студиото “ДРД Медиа” на Драган Ристовски, продукција која го потпишува и снимањето на видеоспотот. Како специјален гостин кој ги свири гитарските делници во “Мост” се појавува гитаристот на групата “Морал” Ивица Јордановски. Како звучи и изгледа “Мост”, погледнете во продолжение.
Подготви: Виолета Трајковска
