Сања Илиќ минатата година во Охрид ја доби наградата за животно дело и вети дека на идниот, јубилеен охридски фестивал ќе додје со својата група “Балканика”. Ветено – сторено. Групата која годинава учествуваше на Евровизискиот фестивал во Лисабон со песната “Нови деца” како претставник на Србија, годинава ќе настапи во официјалната програма на Интернационалната вечер од фестивалот ’”Охрид фест – Охридски трубадури” и во шоу програмата која следи додека жиријата гласаат.
“Песната “Нови деца” е спој на традиционалниот и модерн звук”, вели Сања Илиќ, и додева дека меѓудругото токму таква композиција најмногу одговара за фестивал каков што е Евровизискиот. Таа вели дека и покрај минусите што ги има, сака да учествува на изборот за Песна на Евровизија затоа што тоа е најголемиот и најспектаклураниот музички фестивал во светот.
На новинарско прашање дали прв пат на евровизискиот фестивал учестува со групата “Аске” тој вели:
“Да, но прв пат на домашниот избор за Песна Евровизија учествував со 16 години со песна која ја исполни тогаш една од најпопуларните пејачки, Лола Новаковиќ. Го освоивме 4-то место, а победници беа “Дубровничките трубадури” со мелодијата “Само један дан”. Додека првпат на Евровизискиот фестивал учествував со песната “Ало, ало” која требаше да ја пее Слаѓана Милошевиќ, а придружните вокални Изолда Баруџија, Снежана Стаменковиќ и девојки од КУД “Крсмановиќ” предводени од Викторија. Но, Викторија ми предложи дека подобро би било да настапат само девојките без Слаѓана и така на крајот излезе. Тоа беше 1982 година, а две години подоцна на југословенскиот избор за Песна на Евровизија во Скопје, учествував со прекрасната балада “Битанга и принцеза” во изведба на Слаѓана Милошевиќ и Дадо Топиќ. Иако мелодијата не победи (визата zа Евровизија ја добија Владо Калембер и Изолда Баруџија со песната “Љубовна прикзна бр. 1”) , таа стана вонвременски хит и беше избрана за хит на деценијата.
Инаку, Александар Сања Илиќ потекнува од познато белградско семејство. Негови прадедовци биле Алекса Жујовиќ, Солунец и народен пратеник и Јован Жујовиќ – претседател на Српската кралска академија. Бабата Зора и дедото Драгољуб биле лекари додека татко му Миодраг бил композитор. Александар и неговиот брат Драган тргнале по стапките на татко им Драган кој бил член на групата “Генерација 5” и уредник на забавната рограма на РТС, а Сања- композитор и водач на групата “Балканика”. Сања Илиќ беше оженет со артистката Злата Петковиќ (Мис на Југославија 1984-та година и позната по ликот на Марија во тв серијата “Враќање на отпишаните”). Таа почина од мозочен удар 2012 година, а 2016-та тој повторно стапува во брак со 23 години помладата Татјана Карајанов од Нови Сад.
Сања Илиќ во доегашната кариера има напишано околу илјада песни кои ги исполниле познати пејачки имиња како Здравко Чолиќ, Маја Оџаклиевска, Даворин Поповиќ, Бисера Велентаниќ, Габи Нивак, Зденка Ковачичек, Дадо Топиќ, Златко Пејаковиќ… Тој е автор на музиката на повеќе театарски престави, филмови, тв серии (“Село гори, баба се чешла”), потоа музичко сценскиот спектакл “Константинус Магнус”, мјузиклот “На слово на слово”, музиката за промотивниот спот на Фондацијата Новак Ѓоковиќ. Тој е автор и на химната на познатиот белградски фудбалкси клуб Црвена звезда – “Све што смо желели, све што смо хтели, то су нам дали црвено-бели” за која текстот го напиша Љубивое Ршумовиќ.
“Јас живеам за музиката и од музиката”, вели дипомираниот архитект Сања Илиќ. “Во поранешна Југославија музичарите живееја од парите заработени на турнеите по Советскиот сојуз. Едно време беа многу коњуктурни шпански, мексикански песни, па потоа грчките. Денес, ако погледнеме добро, на естрадата не се променило многу: и денес парите се заработуваат во странство. Некогаш се продаваа плочи и касети, денес тоа повеќе го нема, музиката се продава во дигитално пакување”, додава Илиќ.
Подготви: Редакција Музика24
