Музика на кирилица

Се расплака во влог, пејачката Ивона Јовановиќ искрено прозбори пред своите фанови (Видео)

Сите неа ја паметиме по учеството во многубројните македонски музички реални шоу-а, како и нејзиното последно учество во “Ѕвездите на Гранд”, каде досега никогаш не проговори за својот приватен живот како и за своите емоции и чувства. Веќе извесен период таа заедно со нејзиниот многу добар пријател и другар, поп пејачот Марио Арангеловски се ЈуТубери, односно, снимаат влогови, видеа, предизвици и разни интерсни и забавни видеа за кои имаат поддршка од своите фанови, како и сите оние кои ги следат на социјалните мрежи и ги гледаат нивните досегашни видеа. Таа во последното видео ги покажа своите чувства и емоции и едноставно премногу искрено им се довери на своите фанови и сите оние кои ја следат. Премногу храбро и искрено.

Низ солзи раскажа за се она што и се има случено изминатиот период, зошто ја немаше некое време заедно со Марио на YouTube каналот, како и се она што и лежеше на срце, што е нормално кога на човек ќе му прелие чашата.

“Ми беше тешко. Почна со тоа што татко ми замина да работи во странство. Да работи пред се за мене, брат ми и мајка ми. Јас останав тука со брат ми и мајка ми, почнав да подготвувам испити. Имав некои проблеми во главата кои што ме мачеа дали сакам да го студирам тоа што го студирам. Од девојка што знае што работи се претвори во човек што не знае што сака”, вели Ивона во дел од видеото. Инаку, оваа наша млада пејачка деновиве снимаше нова песна и видео спот за истата, а викендов ќе настапи на 33-то издание на “Макфест”. Во продолжение погледнете го видеото на Ивона и доколку не сте се преплатиле на нивниот канал тоа никогаш не е доцна.

 

Можеби ќе ве интересира: